„Не користите отрови“: Овие безбедни и евтини домашни средства ефикасно ги отстрануваат и најупорните лебарки

Добивај вести на Viber

Лебарките се едни од најнепосакуваните „гости“ во секој дом. Освен што создаваат чувство на непријатност, тие можат да пренесуваат бактерии и да предизвикаат здравствени проблеми. 

Наместо да посегнете веднаш по агресивни хемикалии, постојат и домашни средства кои можат ефикасно да ги намалат или елиминираат.

Сода бикарбона и шеќер – проверен рецепт

Еден од најпознатите природни методи вклучува мешавина од сода бикарбона и шеќер во прав во еднакви количини. 

Шеќерот ги привлекува лебарките, а содата реагира со нивниот дигестивен систем, што ги уништува. 

Смесата се става во плитки садови или директно на местата каде што се појавуваат – зад фрижидерот, во аглите на кујната, близу славините.

Freepik

Вода и сапуница за моментален ефект

Лебарките дишат преку ситни отвори на телото. Кога ќе дојдат во контакт со сапуница, овие отвори се блокираат, што ги уништува брзо. Во шише со распрскувач измешајте вода и малку течен сапун и прскајте директно врз нив.

Етерични масла за одбивање

Мирисите од масла како ментол, лаванда или еукалиптус можат да ги одвратат лебарките. Неколку капки во вода во шише со распрскувач, па прскање низ критичните места, создава природна бариера.

Совет за превенција

Дури и најефикасното средство нема да помогне долгорочно ако не се одржува хигиената. Затворете ги сите отвори, редовно чистете кујнски површини и не оставајте остатоци од храна или отворени канти за ѓубре.

Со комбинација на овие домашни методи и редовно одржување, можно е безбедно и ефикасно да го заштитите вашиот дом од лебарки, без да се изложувате на штетни хемикалии.

РЖМ /*Забрането е преземање на содржини од „Женски магазин“ без дозвола на уредникот