„Не можам да си поверувам дека 3 години Ан не е со нас, мајката никогаш не престанува да мисли на своето дете“: Водителката Јулија со емотивна објава за починатата ќерка

Пред три години пејачката и водителка Јулија Мациевска ја изгуби нејзината ќерка, која по тешко боледување од канцер, уметницата Андријана почина на 41 година.
Овој мај се навршуваат три години од нејзината смрт. Јулија напиша емотивна објава на социјалните мрежи, посветен на нејзината ќерка.
Со тешки зборови ја опиша тагата и болката кои ги чувствува за прерано починатото чедо. Вели иако Андријана физички не е присутна во нејзиниот живот, таа во секоја друга форма е присутна секојдневно.
„Драги пријатели, на 12 мај, на Свети Василиј Велики, се навршува трета година откако мојата љубов, душа мајкина, мојата Андријана, Анчи, Ан, мојот жив Ангел Небесен, одлета во Царството Небеско, одлета во друга димензија.
Не можам да си поверувам дека 3 години Ан не е со нас, во физичка реалност. Мајката никогаш не престанува да мисли на своето дете и затоа за мене времето веќе не се мери како порано.
Присуството на Ан е секојдневно, само што човек мора да прифати дека за да го чувствува тоа присуство, мора да сфати дека тоа е друга форма и дека животот не е само овде во физичкиот облик на кој сме навикнале. Фала му на Бога што можам да посведочам за откровенијата кои ги живеам овие три години и благодарение на нив сум на ова ниво на светост и живот на земјата“, е дел од објавата на Јулија.
Фото: Фејсбук