Не се срами да го покаже своето тело: Пејачката Лизо објави необработени фотографии
Лизо нема никаква пречка да не го сака своето тело.
Пејачката на светскиот хит „Truth Hurts“, која има 32 години, го поддржува позитивното движење за „body positive“ и сака да ги смени конвенционалните идеали за убавина.
„Немам што да кријам. Нема веќе срам. Само се објавувам себе си. Kаква сум, таква сум. Не мора да ме сакаш", истакна ѕвездата во свое неодамнешно интервју.
И, верна на својот збор, Лизо сподели разголена, необработена фотографија на Инстаграм за да ги инспирира другите да го прифатат своето тело без Фотошоп и без филтри.
За Лизо, само-љубието не било избор, тоа било „буквално преживување“, објасни таа. „Ќе продолжам да живеам во ова тело и да преживувам во ова тело и да бидам среќна, а всушност за да уживам во животот, треба да најдам начин да се сакам себеси", заклучи Лизо.
Извор: Yahoo.com
Фото: Instagram/ Lizzo