Не сум бремена, ниту сум прејдена, ова го стори алкохолот: Ако ме гледаш, те молам престани да пиеш
Надевајќи се дека ќе помогне барем на една личност која има
проблем со алкохолот, жената
по име Трина Бејл, реши да ги открие скоро шокантните последици што ги остави
пиењето по нејзиното тело. Таа ја крена маичката и го покажа стомакот, а од
тогаш 13 милиони луѓе на социјалните мрежи не престануваат да зборуваат за неа.
„Здраво! Ова не е храна во мојот стомак. Јас сум Трина, зависник од алкохол. Не користев дрога скоро две години и сум трезна четири и пол месеци. Не го слушав мојот лекар, кој ми рече да престанам да пијам или ќе имам огромни проблеми со црниот дроб и - еве не. Добив вчера извештај кој воопшто не е добар “, рече Трина на видеото на својот профил на „ТикТок“.
Таа продолжи да кажува дека секој пат кога ќе се обиде да јаде или пие нешто, чувствува голема непријатност.
„Ако се прашувате дали треба да престанете да пиете или можеби мислите дека ова не може да ви се случи - може! Јас само ви покажувам како е да сте зависник од алкохол и се надевам дека ако размислите за тоа сега ќе престанете да пиете“, заклучи таа.
@trinabeil liver damage of an alcoholic..this is no joke..
original sound - Trina Beil
Видеото привлече големо внимание од корисниците на социјалните мрежи и постојано доаѓаа коментари за поддршка.
За „Базфид“ Трина објасни како започнала нејзината зависност од наркотици, кога имала 24 години.
- Причината што продолжив беше да ги „убијам“ сите проблеми што чувствував дека ме гушат уште како дете - вели таа.
Зависноста продолжи со текот на годините и се прошири на алкохол и цигари. Таа сега престана да конзумира алкохол, но се соочува со повеќе здравствени проблеми како резултат на претходната злоупотреба на супстанции.
Таа моментално страда од сериозно оштетување на црниот дроб и најверојатно ќе и треба трансплантација на црн дроб. Нејзиниот зголемен стомак е всушност резултат на хепатомегалија, што е прекумерно оток и зголемување на црниот дроб како последица на долгорочно и прекумерно консумирање алкохол.
Видео и Фото: ТикТок
Можеби ќе ве интересира:
Имаше слава, талент и успех, но не и среќа: Бурниот живот на легендарната српска актерка