Не ви се исплати да пиете алкохол во Данска, во Италија најмногу ви се исплати возење своја кола: Еве кои се најскапите земји за живот во Европа

Добивај вести на Viber

Највисоки цени се забележани во Данска, Ирска и Луксембург, додека на дното на ценовната скала се наоѓаат Бугарија, Романија и Полска.

Трошоците за потрошувачка на домаќинствата во земјите-членки на ЕУ значително варирале во текот на 2024 година, покажуваат најновите податоци од Еуростат. Цените на производите и услугите се разликуваат речиси двојно во зависност од земјата.

Според индексите на цени, највисоки трошоци се забележани во Данска, каде што цените биле дури 43% над европскиот просек. Следуваат Ирска со 38% и Луксембург со 33% над просекот. На спротивниот крај се Бугарија (60%), Романија (64%) и Полска (72%), кои имаат најниски трошоци за потрошувачка.


Големи разлики во цените на алкохол и тутун

Најголеми разлики се забележани кај цените на алкохол и тутун. Ирска е најскапа во оваа категорија, со цени кои се 205% над просекот на ЕУ. Спротивно на тоа, Бугарија има најниски цени – 69% од европскиот просек. Високите акцизи и даночни политики, особено во Ирска, Финска (175%) и Франција (137%), придонесуваат за овие разлики.

Хотели и ресторани: најскапи во Данска, најевтини во Бугарија

Во угостителскиот сектор, ресторани и хотели се најскапи во Данска (148%), Ирска (129%) и Финска (127%). Најевтини се во Бугарија (53%), Романија (69%) и Унгарија (72%).

Цени на облека и храна

Цените на облеката се највисоки во Данска (133%), Шведска и Финска (120%), додека најниски се во Бугарија (79%), Романија и Унгарија (по 85%).

Кај основните прехранбени производи, највисоки цени има Луксембург (125%), а најевтина е Романија (76%).

Автомобили и електроника

Кај личните превозни средства, цените се движат од 89% во Словачка до 120% во Данска.

Потрошувачката електроника е најевтина во Италија (89%), а најскапа во Финска (115%).

Иако земјите на ЕУ го делат заедничкиот пазар, овие податоци покажуваат дека разликите во трошоците за живот сè уште се големи, главно поради различни даночни политики, економски услови и животен стандард.

Извор: eupravozato.mondo.rs

Фото: Pexels.com