„Не ви требаат многу пари ако сакате да се разведете“: Македонија меѓу најевтините земји за развод

Според најновото соопштение на Државниот завод за статистика, во 2024 година бројот на разводи е порастен за 14,7 % во споредба со 2023 година.
Во 2023 година, пак, бројот на разводи порасна за 9,4 % во однос на 2022 година, достигнувајќи 1 765 разводи
Овој значителен пораст во стапката на развод се ребалансира спротивно на намалувањето на браковите — во 2024 година имало 12,7 % помалку склучени бракови во однос на претходната година.
Во споредба со другите земји, трошоците за развод значително варираат: во Данска разводот е најевтин и чини само околу 100 евра, додека во Италија се бележат највисоки трошоци кои можат да достигнат и до 30.000 евра. Разводот е најевтин во Албанија, Данска, Шведска и Македонија, каде што треба да се издвојат од 100 до 800 евра. Умерени цени за развод има во Србија, Полска, Чешка и Унгарија, додека разводот на брак е најскап во Италија и Швајцарија. Данска и Италија се, два екстрема кога станува збор за трошоците за развод. Данска често се наведува како пример за земја каде што административната постапка за развод е едноставна, додека во Италија брачните партнери не можат веднаш да се разведат, туку мора да бидат официјално разделени од една до дури три години. Разликите во цените произлегуваат од различни фактори како што се судски такси, адвокатски трошоци, поделба на имотот и видови на потребни вештачења. ДЗС/Еуправозато