„НЕ ЗБОРУВААТ НИ ДВА ЗБОРА ГЕРМАНСКИ, А БАРААТ 3.000 ЕВРА ПЛАТА“: Посредници за работа во Германија, објавија што ги интересира работниците од Македонија

Добивај вести на Viber

Сите сакаат да одат и да живеат и работат во Германија. Исто така, сите сакаат што е можно повисока работа, но факт е дека во оваа земја, многу тешко се успева доколку не се познава германскиот јазик. Тука залудно се познава англискиот.

Дека тоа е така, потрвдуваат и од една консултантска агенција која посредува во барање работа во Германија. Велат дека работниците не знаат јазик, а прво ги интересира платата, која сакаат да е што е можно повисока.

„Кога некој ќе праша за работа во Германија, првото прашање што го поставува е: „Колку е платата?“

А не знае ни два збора германски, нема никаква професија, никаков занает, ни искуство.

И пак, очекува плата од 3.000 евра?

Не работел за 1700€

Во Германија прво се учи јазикот, се вложува време и труд, се почнува од почеток ако треба.

Не ти плаќаат 3.000 евра за да стоиш и гледаш. Тоа овде не постои.

Ако сакаш добра плата – научи јазик, научи занает, вложи во себе. Инаку, ќе останеш само со прашањето: „Колкава е платата?“, а одговор нема да има за тебе“, стои објавено на социјалните мрежи.


Извор: Фактор