Неа ја знае цел свет, тие се во сенка: Мадона објави ретка фотографија со трите сестри
Мадона објави ретка фотографија со нејзините три помлади сестри, откако семејството го прослави 90-от роденден на нивниот татко Силвио Чиконе.
62-годишната пејачка беше видена како го слави роденденот на нејзиниот татко во неговото лозје во Мичиген. со сестрите Мелани (59), Пола (61) и Џенифер (53)
Мелани и Пола имаат исти родители како Мадона, додека Џенифер е ќерка на Силвија и Џоан, жената со која Чиконе се омажи откако почина мајката на Мадона во 1963 година.
| Vídeo durante comemoração dos 90 anos do pai da Madonna em Michigan pic.twitter.com/Ty1iiS0UX4
— Madonna Literal (@MadonnaLiteral1) June 3, 2021
Четирите сестри ретко се гледаат заедно, а корисниците на социјалните мрежи се присетија на нивните фотографии од 1987 година, од венчавката на Мелани и Џо Хенри.
На настанот присуствуваше и братот на Мадона, Кристофер, кој во своите мемоари во 2008 година ја опиша својата сестра како злобна и нервозна. Тие, наводно, се помириле околу десет години откако излезе книгата.
Ciccone sisters: Paula, Jennifer, Melanie and Madonna at Melanie’s wedding to Joe Henry in 1987. pic.twitter.com/Yv2IC6MX6f
— Madonna Scrapbook (@m_scrapbook) March 14, 2016