„Некои суперхерои носат наметка, други имаат докторат. Некои ги имаат и двете“: Илина Арсова повторно освојува највисоки врвови

По години посветеност и труд, таа успешно ја одбрани својата докторска дисертација во САД, специјализирајќи во областа на општествените науки, со фокус на родовите прашања, спортот и медиумите како алатки за социјални промени.
Арсова ја сподели среќната вест на својот фејсбук-профил, изразувајќи благодарност кон сите што ја поддржувале во овој долг и предизвикувачки пат.
„Чест ми е да споделам дека на 25 март 2025 успешно ја одбранив мојата докторска дисертација. Сега и официјално сум експерт за родови прашања, спорт и медиа кои несомнено водат кон социјални промени. Ви благодарам на сите што ме храбревте и поддржувавте во овој долг, изолиран и сопствен рефлексивен процес на учење и надградување. Наскоро повеќе детали… чувајте се и само преку знаење, етика и солидарност заедно да изградиме една подобра држава и иднина за сите“, напиша Арсова.