Животна училница // Приказни
Македонскиот славеј на 13 години ја запеа „Зајди зајди“: Публиката во солзи

Нела Манческа од Македонија, стана позната помеѓу македонската и регионалната публика кога со својот настап го воодушеви жирито и публиката на хрватското музичко шоу „Суперталент“ со својата изведба на песната „I Have Nothing“ од Витни Хјустон.
Нејзиниот настап беше награден со четири „ДА“ од членовите на жирито, кои ја пофалија нејзиниот талент и потенцијал.
Манческа ја изведе песната „Зајди зајди“ на инклузивниот настан „Гуш и бац“ е љубов, а со својот настап привлече многу коментари на јавноста која беше воодушевена од нејзината интерпретација на најпознатата традиционална македонска песна.
До денес има освоено повеќе од 30 награди на музички натпревари во Македонија и странство. Меѓу најзначајните признанија е „Гран при“ на интернационалниот натпревар „Песните на Тоше Проески“, каде што ја изведе песната „За овој свет“.
Нела на своја 13 годишна возраст реди домашни и меѓународни успеси и работи посветено трасирајќи го својот пат до успехот.