Нема целосен карантин за 1 мај: Детали за дозволеното движење

Сепак не не‘ очекува целосен карантин за време на првомајските празници. За продолжениот празничен викенд, Владата на денешната седница донесе одлука да има ограничување на движењето на граѓаните.
На 1, 2 и 3 мај, ќе биде дозволено движењето на граѓаните од 05:00 часот наутро до 14:00 часот. Забраната за движење во целата држава ќе почнува во 14 часот и ќе трае до 05 часот наутро следниот ден.
„За лицата над 67 годишна возраст, во петок, сабота и недела ќе биде дозволено движење од 05 часот наутро до 11 часот.
Сите деца и млади лица до 18 години, во петок, сабота и недела ќе може да излегуваат од 12:00 до 14:00 часот.
Остануваат на сила сите други мерки за заштита од КОВИД-19 донесени од Владата на Република Северна Македонија“, се вели во соопштението на Владата ан РСМ објавено на фејсбук.