Нема доволно сонце и веќе сте лошо расположени? Совети како да го подобрите расположението во облачни денови

После убавиот и сончев викенд, утрово нѐ пречека облачно време. Познато е дека сонцето е главната причина за доброто расположение. Впрочем сончевите зраци го поттикнуваат лачењето на витамин Д, познат како витамин на насмеаните лица. За многу од нас, токму облачното време носи намалена енергија и расположение, па затоа ви нудиме неколку совети како да останете со ведар дух и во лоши времиња.
- Суплементација со витамин Д
Витаминот Д ретко се наоѓа во храна. Намирниците кои содржат витамин Д не се доволни да ги надокнадат потребните дневни дози. Затоа нутриционистите препорачуваат суплементација со витамин Д во облачни денови. Покрај насмевката, витаминот Д е добар чувар и на вашите коски и срцето. Сепак, како и за секој производ за внес на суплементи е потребно да се консултирате со стручно лице. Правилната употреба на суплементите ќе спречи внес на големи и можеби токсични дози кои го ставаат здравјето во ризик.
- Јадете повеќе пченка и производи направени од пченка
Пченката е еден од најголемите природни извори на витамин Д. Лебот можете да го замените со проја, или едноставно да уживате во тазе зготвената пченка во вода. За кој и облик да се одлучите, пченката ќе ви помогне да ги надокнадите потребните дози на витамин Д. Покрај тоа што е добар извор на витаминот на насмевката, пченката ќе ви помогне и во решавање на дигестивни проблеми бидејќи е богат извор на растителни влакна.
- Погрижете се да внесете повеќе светлина во просторот
Иако сонцето е главниот природен извор на светлина, сепак постои техника како да го замаскираме отсуството на сонцето. Внесете повеќе амбинетално или жолто светло во просторијата во која се наоѓате. На тој начин вашето око комуницира со мозокот и испраќа сигнал дека мозокот треба да е буден и активен. Потрудете се сината светлина од екраните или белата стерилна светлина да ја замените со жолта. На тој начин ќе спречите окото и мозокот побргу да се замори и ќе останете свежи подолго време.
Извор: Unsplash.com