Нема повеќе „Викторија Сикрет“ ангели: Згодните девојки кои кршеа срца низ цел свет се менуваат со овие модели
Оваа вест изненади многумина
Еден од најпопуларните брендови „Викторија Сикрет“ ја менува политиката на својата компанија. Наместо врвни модели кои пленеа и кршеа срца низ целиот свет со својот изглед, на сцената влегуваат активисти за родова еднаквост и претприемачи кои нема да бидат избрани од нивниот физички изглед.
Оваа вест шокираше многумина и започна безброј дебати, бидејќи целата поента на „Ангелите на Викторија“ беше во беспрекорно изградените модели.
Сопствениците на брендот изјавија дека сегашните правила повеќе не се прифатливи од културата и дека тоа е најголемата причина за склучување соработка со жени како активисти за родова еднаквост, но и претприемачи кои ќе продолжат да ја промовираат оваа марка.
Адут Акеч, Пријанка Чопра Џонас, Валентина Сампајо, Палома Елсесер, Меган Рапиное, Елен Гу и Аманда де Каденет се само некои од имињата на новите модели на Викторија.