„Нема веќе туризам во овие држави, им се заканува целосно исчезнување“: Ние - граѓаните, ќе ја плаќаме отшетета

Неколку прекуокеански територии на Франција, Холандија и Велика Британија денес се соочуваат со егзистенцијални закани поради зголемениот морски нивo и сè почестите разорни бури.
Нивната ситуација се влошува, но сега, со новата одлука на Меѓународниот суд на правдата (MСП), овие територии имаат правна основа да бараат обештетување од Европа.
Пресвртна точка во меѓународното климатско право
MСП донесе историско мислење според кое државите можат да бидат правно одговорни не само за емисиите на штетни гасови туку и за тоа што не презеле мерки за спречување на климатската штета.
Ова значи дека неакцијата станува кршење на меѓународното право, а климатската неправда сега може да се третира како правен прекршок.
Посебно внимание се обрнува на државите со ниска надморска висина, како Тувалу во Полинезија, каде целото население можеби ќе мора да се исели поради зголемувањето на морскиот нивo. Прашањето е – кој ќе го плати исчезнувањето на една држава?
Колонијалното минато ја изнесува Европа пред суд
Многу од регионите кои денес најтешко ги чувствуваат последиците од климатските промени – Тувалу, Вануату, Гвајана, Мозамбик – се поранешни европски колонии. Други, како Француска Полинезија или холандските Карипски острови, и понатаму се под директна власт на европски држави.
Нивниот придонес кон климатската криза е минимален, но последиците кои ги претрпуваат се огромни.
Европа, истовремено, продолжува да извезува инфраструктура за фосилни горива и да ги субвенционира сопствените големи загадувачи. Тоа предизвикува растечки критики – но одлуката на MСП сега им дава и правна основа.
Тоа значи дека доколку овие држави бидат обештетени, тоа ќе бидат пари од буџетот на граѓаните на ЕУ. Доколку Македонија стане членка на ЕУ до финалната разврска на оваа проблематика, обештетувањето ќе падне и на грбот на македонските граѓани.
Што бара одлуката од државите?
Одлуката на судот истакнува дека сите влади се обврзани да:
-
го намалуваат загадувањето;
-
ги заштитуваат човековите права од последиците на климатските промени;
-
ги усогласат сите национални политики со научно утврдената граница од 1,5°C глобално затоплување.
Неспроведувањето на овие обврски може да биде причина за судски постапки и барања за компензација.
Притисок врз Европската унија
ЕУ е една од најголемите историски загадувачи – од индустриската револуција до денес е одговорна за околу 22% од глобалните емисии. Иако промовира високи климатски цели, практичните политики често доцнат. Оваа одлука значи дека секое натамошно одложување или слабеење на Европскиот зелен договор може да биде правно оспорено.
Како што предупредуваат анализите, во секоја следна климатска политика ЕУ ќе мора да покаже „највисоко можно ниво на амбиција“. Во спротивно, може да се соочи со тужби – не само на меѓународно ниво, туку и пред сопствените судови.
Извор