Неверојатен херој: Мајка го закопа сопственото живо бебе во земја, а потоа се појави тој! (ВИДЕО)
Кучето
е дефинитивно најдобриот пријател на човекот
Куче по име Пинг Понг му го спаси животот на новороденото момче кое беше погребано од неговата мајка, тинејџерка, во полето во североисточен Тајланд, со цел да се ослободи од него, објави полицијата.
Малото момче било закопано под слој ѓубре недалеку од фарма во округот Чампуанг, но Пинг Понг го пронашол истиот ден. Кучето започнало да копа и лае, привлекувајќи го вниманието на неговиот сопственик, пастир, кој се приближил да види што пронашло кучето.
Мајката го закопа живото бебе
„Мислам дека кучето го најде кратко време откако мајка му го закопа“, рече полицаецот Пануват Удкам, додавајќи дека детето е хоспитализирано и е во добра здравствена состојба. Покрената е кривична постапка против мајката, 15-годишна, за обид за убиство и напуштање на детето. Таа е обвинета дека сакала да се ослободи од него затоа што се плашела дека нејзините родители ќе ѝ се лутат, рече тој.
Фото: Pixabay
Видео: Youtube/Daily Mail
Moжеби ќе ве интересира: