Неверојатно, но има доказ: Цеца јаде храна за „сиромашни“: Некој не би го помирисал, ама таа ужива (рецепт)

Цеца Ражнатовиќ е голем гурман, а на нејзиното мени може да се најдат необични специјалитети кои се најскапи во рестораните.
Еден од нив секако се полжавите кои за многумина се деликатес, додека некои не можат да ги гледаат со очи. Рецептот на Цеца Ражнатовиќ е доста сложен, но таа ги јаде само ако се вака подготвени.
Таа во една прилика на Инстаграм покажа дека ги обожава.
Во продолжение погледнете што ви е потребно за да успеете да го направите овој специјалитет. Таму ќе најдете и рецепт за полжави со лук и путер.
Состојки
-полжави, 20 парчиња, големи
– 1 главица кромид
– 1 морков
– мајчина душица
– ловоров лист
– 1 чешне лук
Состојки за путер со лук
– путер, 60 гр
– половина чешне лук
– 1 лажица магдонос
– 1 главица кромид
Сварете големо тенџере со солена вода и истурете ги добро исплакнетите полжави. Гответе 20 минути, а потоа извадете ги сварените полжави со решеткана лажица. Со ражен или долга игла извадете го месестиот дел од полжавите.
Кромидот и морковот ситно се сечкаат, се преливаат со 800 мл вода и се варат. Зачинете со сол, издробениот лук, ловоров лист и мајчина душица и додадете ги исчистените полжави. Оставете да се готви 15 минути на тивок оган.
Гответе ги празните лушпи од полжав во посебен сад 10 минути. Додека полжавите се варат, изматете го путерот во пена. Додадете 1/2 цедено чешне лук и ситно исечканиот кромид и магдонос, посолете и убаво измешајте.
На дното на куќичките од полжавот ставете малку зачинет путер, одозгора ставете го месото од полжавот и повторно прелијте со путер. Наредете ги полнетите полжави во плех, додадете малку вода и печете ги во загреана рерна, колку да се растопи путерот. Послужете директно од плехот за печење.
Извор: svet-scandal