Ни рекоа дека нема да преживее: Бебето кое се избори со Ковид-19 е симбол за победа

Добивај вести на Viber

Докторите беа сигурни дека шестмесечната Ерин Бејтс нема да успее да се избори со Ковид-19, меѓутоа малата девојка се покажа како голем борец и стана симбол на победата во овие тешки времиња.

Ерин е родена во Манчестер и нејзиниот татко Вејн Бејтс објави дека неговата ќерка го победи вирусот.

- Ова не погоди многу, но сакаме луѓето да знаат дека коронавирусот не значи смрт, бидејќи нашата малечка ќерка го победи- напиша тој.

Ерин била во болница во претходните шест месеци, од 29-ти ноември, кога ѝ дијагностицирале здравствени проблеми. Девојчето е родено предвреме. Проблемите со срцето и белите дробови додатно се отажнале кога на 10-ти април е тестирана позитивна на коронавирус.

- Ни рекоа дека ќе ја изгубиме. Ова е чудо. Таа победи, а ние сме толку горди на неа- вели Ема Бејтс.

Првите шест месеци од животот на Ерин биле многу трауматични, но после сите маки девојчето им се насмевна на лекарите и родителите кои ѝ дојдоа во посета.