Никој не очекуваше дека ќе го избере токму него: Ова ли е новото момче на Ким Кардашијан?
Љубовта е во воздухот, а пеперутките во стомакот - барем така шепотат познаниците на ријалити sвездата и претприемачка Ким Кардашијан, како и социјалните мрежи.
Имено, откако беше потврдено дека се разведува од раперот Канје Вест по седум години брак, што на многумина им изгледаше неверојатно, Ким наводно си најде сродна душа, новинарот на Си-Ен-Ен, Ван Џонс.
Кардашијан и Џонс се пријатели од 2018 година кога беа заедно на панелот за измена на кривичниот законик. Оттогаш се видени заедно повеќе од неколку пати, а покрај тоа, новинарот ја покани ријалити sвездата во своето шоу. Ги споил, според извори блиски до двајцата, од заедничкиот интерес за правото. Џонс не е само новинар, туку автор и адвокат, а Ким моментално ја вложува целата своја енергија во учење да стане адвокат.
Приказната одекна како бомба во јавноста, кога прв пат колумнистката Синди Адамс ја спомена во Њујорк Пост, но некои од пријателите на Ким велат дека тоа воопшто не е точно, но дека тие имаат само деловни односи.
Од друга страна, гласините за разводот на ријалити sвездата и раперот започнаа половина година порано отколку што потврдија дека повеќе не сакаат да бидат во брак, па многумина на социјалните мрежи сметаат дека оваа приказна може да биде вистинита.
- Ван Џонс е одличен избор за Ким. Тој е паметен и стабилен човек. Тој е добар и има свои пари. Тие би биле добра двојка, напиша еден корисник на Твитер, додека друг не се согласува со неа: - Ким го искористи Канје за да напредува во модниот свет, а сега таа ќе го искористи Џонс за да напредува во правниот свет.
Foto: Youtube screenshot