Ништо не е посилно од мајката која ќе остане сама...

Добивај вести на Viber

Ништо не е посилно од мајка која останува сама. Мајка која станува татко, мајка, советник, доктор, механичар, мајстор, учител и банкомат на бакнежи, но и пари.

Ништо не е помоќно од жената што е оставена сама во борба со ветерници.

Совети што пукаат од сите страни, особено кога не ви требаат.

Кога се прави грешка, секој има што да каже. Сите тие знаат подобро од неа, до моментот кога ѝ се потребни и одеднаш ќе исчезнат. Таа нема да се потпре на никого и да ја одмори својата душа.

Во тие моменти, таа е најсилна со дневните молитви на колена и гладна затоа што пости. Ништо не е поголемо од мајка која е оставена сама на себе, сама со своите мали светови против светот.

Светот што коментира, меша, додава, лаже, превртува без срам или страв од Бога и иднината. Нејзините рамења уморни од крстови цел живот, насмеаното лице и среќата при најмал успех и чекор на своето дете. Нејзината душа е исполнета со секоја прегратка и бакнеж по секојдневните тепачки и улогите на татко, мајка, механичар, советник, пријател, банкомат на бакнежи.

Ништо не е посилно од жената што ќе остане сама.

Сама на Божиќ, Велигден, годишнината од свадба, роденден... кога излегува во израз нејзината осаменост, со која остана некаде на средината од нејзиниот живот. Оттогаш, таа се бори сама со мушичките на нејзините деца, нивните проблеми, но и сметките, дефектите, банките, машините за перење, деловите од автомобили и цевките за одвод.

Таа учи сè со текот на годините самостојно, а ниту еден проблем не може да ја скрши веќе. Тоа само ја зајакнува и затоа ништо не е посилно од жените кои остануваат сами. Нивните лица се уморни, но сепак полни со грижа и љубов. Полни со разбирање. Полни со малку смиреност.

И рацете што ги красат плускавците од животот, најубаво креваат од под и галат. Бидејќи на крајот од сите тепачки, мајката е секогаш жената од која никој не е понежен и погрижлив. Од која никој во светот не може да ве сака повеќе.

И сето тоа е таа. Татко и брат и пријател. И возач и лекар и советник. Банкомат и слушател. Критичар и мотиватор. Наставник и чистачка. Менаџер за финансии и автомобилски механичар. И најмногу од сè, таа е жената од која учите најмногу. Инспирација и пример.

Најсилни во светот се мајките кои остануваат сами, бидејќи има доволно љубов во нив што не може да ти недостига ничија друга.