Ништо нема да не раздели од сега: Елена Ристеска замина во Мајами, САД (ВИДЕО)

Поп пејачката Елена Ристеска ги спакува куферите и замина во Соединетите Американски Држави.
Пејачката објави видео од нејзиното пристигнување во Мајами и откри дека од сега ништо нема да ја раздели од него.
- Мајами, ништо нема да не раздели од сега - напиша Ристеска покрај видеото.
Засега не се познати конкретните причини за нејзиното заминување, ниту пак дали станува збор за краток или подолг престој во САД, но според натписот на пејачката, станува збор за големи планови и проекти.
Неодамна американскиот музички продуцент, пејач, музичар, инженер за звук, член на Академијата за снимање Греми со седиште во Лос Анџелес и Њујорк, Артуо Галварезо, престојуваше извесно време во Македонија, а негов повод беше пријателството и соработката со нашата ѕвезда Елена Ристевска.
- Артуро ме забележал на мојот евровизиски настап во Атина, во 2006 година. Многу му се допаднал настапот и од тој момент посакал да работи со мене. Направил големи напори да стапиме во контакт. Се запознавме пред три и пол години и почнавме да снимаме песни во периодот кога бев во Америка. Корона пандемијата влијаеше врз нашите планови, но сега повторно работиме со полна пареа. Подготвуваме дует тема. По моја иницијатива беше дел од фестивалот во Херцег Нови, да не подучи со своето искуство во музичкиот бизнис. Присуствуваше и на прес конференции. Дадовме повеќе од 20 интервјуа – ни откри Елена тогаш, па најверојатно нејзиното заминување има врска со ова.