НОСЕТЕ ЧАДОР: Делови од Македонија попладнево ќе ги зафати пороен дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во западните делови ќе има локален пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Најниската утринска температура ќе биде 11 степени, додека пак највисоката дневна, 33 степени.
Минималната температура ќе се намали во недела, кога најниската температура ќе биде 9 степени. Највисоката дневна пак, ќе биде до 33 степени. Утре не очекува сончево време, со мала до умерена локална облачност, ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер.
Сончево со мала до умерена локална облачност не очекува и во понеделник, кога ќе дува слаб до умерен југозападен ветер. Најниска утринска температура ќе биде 10 степени, а највисока дневна, 34 степени.
Детали на Фактор тука.