Од кралица на турските серии до кралица на скандали: Актерката го остави вереникот, за да се венча со колега

Добивај вести на Viber

Туба Бујукустун е една од најпознатите турски актерки на денешницата, која се прослави со улогата на Аси во истоимената серија.

Пред десет години, Тубу Бујукустун (38) медиумите и критичарите ја нарекуваа кралица на турските серии, но пред три години и беше даден епитетот кралица на скандалите.

„Актерството е прекрасна, но и многу тешка работа. Мора да имате некој што постојано ќе ве охрабрува, ќе ве турка напред. Без соодветна поддршка, лесно е да не успеете, и да имате психолошките последици, тоа го гледам кај многу колеги, може да биде фатално", рече турската актерка во едно интервју.

„Њујорк Тајмс“ ја рангираше меѓу 100-те најсексапилни жени во светот, а „Ќерката на Амбасадорот“ е нејзиното враќање на екраните по тригодишна пауза од актерството и низа скандали.

View this post on Instagram

A post shared by Tuba Büyüküstün (@tubabustun.official)



„Моето детство беше обично и среќно. Беше нормално. Јас сум единица и единствената жена во семејството, затоа сум скапоцена за секого. Како девојка сакав да станам инженер, студирав за  уметнички директор. Во еден период од животот сакав да станам лекар, а потоа актерка. Не знам како се случи тоа. Мислам дека е судбина. Почнав да глумам, а две години подоцна решив дека тоа ќе биде повик за мојот живот", вели Туба.

Иако до пред три години беше една од омилените турски актерки, денес за неа најчесто се пишува во контекст на скандали.

„Животот не е само убави моменти, животот не е исполнет исклучиво со успеси и победи, туку со порази и грешки. Ме растажува кога ќе слушнам зошто луѓето ме осудуваат и ме мразат", рече еднаш Туба, осврнувајќи се на негативните коментари со кои се занимаваше во последниве години. Тие ја нарекуваа арогантна и вообразена.

Нејзината слика беше совршена сè до моментот кога се омажи за нејзиниот актерски колега Онур Сајлак. Тие се запознаа на снимањето на серијата „Аси“. Во тоа време, беше напишано дека таа го оставила својот поранешен свршеник Сами Саидан токму поради Онур.

„Тој е единствениот човек кој прави да се чувствувам добро, не ми требаат зборови, само го гледам во очи и чувствувам дека сè е во ред. Поради него, се ослободив од напнатоста и стресот“,  рече Туба, но и призна дека романсата меѓу нив не поминала многу лесно.


"Бевме пријатели четири или пет години, потоа станавме љубовници, живеевме заедно два месеци, но тој не ме убеди во бракот, тоа едноставно се случи. Онур ме познава многу добро и знаеше дека мора да се венчаме брзо. Јас секогаш имав страв од брак затоа што многу луѓе се откажуваа од себе поради тоа“, изјави актерката која се омажи во Париз во 2011 година, а една година подоцна парот доби близнаци, сега деветгодишната Маја и Топрак.

View this post on Instagram

A post shared by Tuba Büyüküstün (@tubabustun.official)


„Сакам да поминувам време со моите ќерки. Во првите седум месеци по нивното раѓање, само јас и сопругот се грижевме за нив. Онур е прекрасен татко кој постојано се грижи за нив“, изјави Туба, за која породувањето било трауматско искуство. Во деветтиот месец од бременоста паднала во кома, а поради неприродната положба на едно од бебињата се породила со царски рез.

„Никој со мене не зборуваше за породувањето. Нема да верувате, но за време на мојата бременост ме смири филмот „Junior“ во кој Арнолд Шварценегер глуми дека е бремен. Кога го гледав филмот, си реков: „Моите чувства се нормални. Мене ме олесни фактот дека човекот во филмот е бремен“, рече актерката и мајка на близнаците.


Фото: Инстаграм/tubabustun.official

Можеби ќе ве интересира:

Турската убавица Фахрије Евчен воодушевува со наједноставната летна фризура: Совршен „wet look“ (ФОТО)