Од среда навечер заладување: Продор на поладен воздух во Македонија!
До вторник (8 јули) во нашата Република Македонија продолжува влијанието на многу топлиот бран од југ, односно од Африка кој ќе условува многу високи температури на воздухот, слични на оние кои ги имаме сега. Сепак повремено ќе дува засилен ветер од југозападен и од западен правец. вели метеорологот Славчо Попоски.
„Времето ќе биде претежно стабилно, суво и сончево, со помали услови за попладневна изолирана нестабилност.
Поради продор на многу поладен воздух од северозапад, и тоа преку алпскиот регион, од среда навечер (9 јули) ќе дува повремено силен ветер од северен правец кој ќе услови пад на температурите дури и за повеќе од 10 степени во однос на оние кои ги имаме сега. Во четврток и во петок (10/11 јули) максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 33 степени во најтоплите предели, односно во Повардарието.
Наутро темпераутрите ќе бидат многу пониски и ќе биде значително свежо, а на повисоките населени места и планините дури и релативно ладно со температури кои ќе се спуштаат и под 10 степени, понекаде дури и под 5 степени. Во Скопје и околината од четврток температурата ќе биде многу пониска за разлика од сега и максималната дневна температура ќе се искачува до околу, па и под 30 степени, што значи ќе биде пониска од сегашната и за повеќе од 10 степени.
Да напоменам дека во среда (9 јули) ќе има услови за повремен локален слаб дожд во западните и во северните предели, каде ќе има повеќе облачност“, објави тој.
Извор: ФАКТОР