Оливера за првпат славеше роденден без својот панонски морнар: Насмеана во друштво на најсаканите

Добивај вести на Viber

Оливера и Ѓорѓе Балашевиќ имаа љубов како од филмовите која траеше 35 години и од која добија три деца...

На сопругата на кантавторот Ѓорѓе Балашевиќ, Оливера, вчера ѝ беше роденден, а ова беше првиот роденден кој го прослави без својот сопруг.

Роденден на Оливера преку Инстаграм ѝ го честиташе ќерката Јована, која сподели фотка од своето најрано детство, на која позира заедно со мајка ѝ.

„Те сакам мамо. Среќен роденден! Твојот број еден“ - напиша Јована, а потоа покажа како Оливера го поминува роденденскиот ден. Имено, таа позира со своите две внуки, а најважно од сѐ е дека на фотографијата има широка насмевка на лицето.

За потсетува, панонскиот морнар, како што го нарекуваат Ѓорѓе, почина на 19 февруари како последица од воспаление на белите дробови. Оливера и Ѓорѓе во брак беа 35 години, а како плод на нивната љубов се нивните ќерки Јована и Јелена и синот Алекс.