Онаа замарачка го уништи „Ѕвездите на Гранд“: Карлеуша се присети, па распали

Откако ѝ беше укината корисничката сметка на Instagram, Јелена Карлеуша редовно објавува фотографии, но и споделува ставови и мислења со својата публика на социјалната мрежа „Фејсбук“.
Овој пат, евоцираше спомени од времето кога таа беше дел од стручното жири во рамките на популарното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ и не ја пропушти оваа можност повторно да поткачи своја колешка. Сепак од напишанто не може со сигурност да се одреди дали Карлеуша реферира на својата ривалка Цеца, која ја замени во популарното шоу, или на Вики Миљковиќ, која беше дел од жирито на „Ѕвездите на Гранд“ во истиот состав и со Карлеуша.
Овие сцени ми враќаат насмевка на лицето… И во исто време, многу ми е тажно за Саша, за Ѕвездите на Гранд, кои беа уништени со доаѓањето на таа „замараторка“... Кога ќе се сетам каква емисија беше ова, каква забава, гледаност, цел Балкан гледаше секоја сабота, луѓето се собираа по куќите да гледаат, да уживаат во музиката и добриот хумор... Какви ми беа стајлинзите... Ниту 5 години не повторив, ни една модна комбинација... Ѕвездите на Гранд... добри времиња, напиша Јелена Карлеуша на својот фејсбук профил.
Меѓутоа во коментарите покрај поддршката, може да се прочита и дека нејзината публика не се согласува со ставот дека токму Цеца го уништила сјајот на Ѕвездите на Гранд. Сепак на објавената фотографија се гледа Вики, па многумина претпоставуваат дека оваа објава не е посветена на Цеца, туку на нејзината кума Вики Миљковиќ.
Извор: Фејсбук