Опра за трауматичното детство: Баба ѝ ја камшикувала, со недели ѝ стоеле лузни на телото

Добивај вести на Viber

Познатата водителка Опра Винфри гостуваше во едно шоу каде што се присети на траумите кои ги проживеала во детството. 

Имено, таа израснала во Мисисипи, а трауматичното растење, како и злоставување биле составен дел од нејзиниот живот во тој период.

„Спиев со баба ми, кога во среде ноќ мојот дедо влезе во собата и со рацете почна да ја дави баба ми, а таа врескаше. Го оттргна и побегна од собата, а јас по неа. По оваа случка под кваката ставаше столче, а околу столчето врзуваше неколку лименки и така спиевме секоја ноќ, слушајќи дали конзервите ќе затропаат и што би се случило доколку кваката се помрдне“ - раскажа Опра.

За време на интервјуто водителката се воздржуваше да не заплаче и откри дека и нејзината баба била насилна.

Еднаш Опра носела вода од бунарот и со прстите брцнала во водата. Баба ѝ толку се налутила, па ја камшикувала по грбот, а токму од тие удари Опра со недели имала белези.

„Подоцна кога облеков облека за во црква, ми се отвори една од лузние и ми остави крв на фустанот“ - се присети водителката.

фото: Tanjug/AP