Отфрлена кривичната пријава на Данијела Штајнфелд против Бранислав Лечиќ, во врска со тврдењата дека ја силувал
Причините за одбивање на кривичната пријава сè уште не се познати.
Вишото јавно обвинителство во Белград ја отфрли кривичната пријава на Данијела Штајнфелд против Бранислав Лечиќ за случајот силување.
Сè уште нема увид во одлуката на обвинителството, па причините за одбивањето на кривичната пријава сè уште не се познати, пишува Блиц.
Случајот меѓу актерката Данијела Штајнфелд и Бранислав Лечиќ ја помина фазата на предистражна постапка.
Тие беа испрашувани од полицијата во март во врска со тврдењето на актерката дека Лечиќ ја силувал во 2012 година.
Да потсетиме, имајќи предвид дека предистражната постапка траеше со месеци, Лечиќ не беше осомничен, исто како што Штајнфелд немаше статус на оштетена страна.
Актерката Даниела Штајнфелд најпрво во својот документарец откри дека била жртва на силување, а потоа ги објави јавно тврдењата дека ја силувал „моќникот од филмската индустрија“. Само неколку месеци подоцна, таа пријавила во полиција дека во 2012 година била силувана од постар колега - инаку добро познат актер Бранислав Лечиќ.
Случајот ја крена јавноста на нозе, а многумина застанаа на страна на актерката.