Откако официјално си кажаа „ДА“: Душица и Игор Карачиќ уживаат во љубовта на плажа (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Пред неколку дена Душица Андоновска официјално стана сопруга на хрватскиот ракометен репрезентативец Игор Карачиќ, а дека двојката ужива во љубовта сведоќат фотграфиите кои на социјалните мрежи ги постираат преку „приказните“.


За официјалната церемонија, Игор се одлучил за класично одело, без вратоврска и машна, а носеше патики наместо чевли, додека Душица остави без здив во бел мини фустан со бели салонки и превез на главата.

Имено, ракометарот ја запроси својата девојка изненадувајќи ја со ливчиња од роза во форма на срце и свеќи на подот. Имаше и торта на која пишуваше „Ќе се омажиш ли за мене?“. Душица и Игор се среќаваа додека ракометарот играше за македонски Вардар, каде мина седум години, а сега се пресели во Полска и игра за Кјелце. Набргу потоа, Душица се пресели во Полска и сега тие ја крунисаа љубовта за цел живот.


Фото: инстаграм/Душица Андоновска-Игор Карачиќ

Се венчаа Игор Карачиќ и Душица Андоновска: Фаталната Македонка остава без здив во мини венчаницата