Ова е најубавата земја на светот во 2025 година: Туристите одлучија – нема патник што не останал без здив

Да наидете на поглед што го одзема здивот е еден од највпечатливите моменти на секое патување.
Иако често ги овековечуваме со камера, ништо не може да се спореди со чувството кога го доживуваме во живо. Кога истражуваме нова дестинација, сите сакаме да ги пронајдеме најубавите места што таа ги нуди.
Тимот на порталот DiscoverCars.com спроведе истражување со цел да ги открие најубавите дестинации во светот.
Беа користени податоци од анкета меѓу патници кои ги оценувале погледите што ги виделе за време на своите патувања.
Се собраа над 6.400 одговори, а во рангирањето беа вклучени само дестинации со најмалку 50 оценки.
Топ 3 најубави земји во светот за 2025 година:
1. Ирска
Ирска го освои првото место со просечна оцена 9,52 од 10. Наречена „Смарагдниот остров“ поради својата бујна зелена природа, Ирска е исполнета со природни убавини што го одземаат здивот.
Особено се истакнуваат драматичните карпи и старите замоци, како прочуените Карпи на Мохер.
2. Нов Зеланд
Со просечна оцена од 9,43, Нов Зеланд се наоѓа веднаш зад Ирска. Земјата е позната по фасцинантни пејзажи – од прекрасни плажи и езера до планински венци и национални паркови.
Езерото Пукаки и планината Кук се меѓу највеличествените локации.
3. Португалија
На третото место, со оцена 9,29, се наоѓа Португалија. Земја со разнолика природа – планини, карпи, плажи и заливи.
Градот Порто е особено привлечен со својата уникатна архитектура и погледите кон реката Дору, што ја прават Португалија омилена дестинација за љубителите на убави глетки.
Извор: Мондо