Овие странски туристи најмногу сакаат да ја посетуваат Македонија: Скопје и Охрид им се најпримамливи

Добивај вести на Viber

Расте бројот на странски туристи кои ја посетуваат Македонија, а притоа најголем дел се упатуваат или кон главниот град или кон Охрид. 

Последните податоци на Државниот завод за статистика покажа дека бројот на туристите во мај 2025 година изнесувал 130.739 лица, од кои 22,4 отсто се домашни, а 77,6 проценти се странски туристи.

Во мај се евидентирани 231 313 ноќевања, од кои 28,8 отсто се од домашните туристи, а 71,2 проценти од странските.

Најголем број туристи во нашата земја пристигнале од Труција, па следуваат германските туристи, па оние од Франција и соседна Србија. 

Притоа само од Турција дошле 28.338 туристи, од Германија 15.166 лица, додека од Франција 6.059 туристи и 5.942 посетители од Србија.

Во периодот јануари – мај 2025 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристите е зголемен за 16,3 отсто. Кај домашните туристи има намалување за 1 проценти, а кај странските зголемување за 23,6 отсто. 

Вкупниот број на ноќевањата, пак, е зголемен за 12 проценти, и притоа кај домашните туристи има намалување за 0,3 отсто, а кај странските зголемување за 18,7 проценти.

Податоците покажуваат дека најголем дел од туристите престојуваат во Скопскиот и Југозападниот регион, каде се остварени најголем дел од ноќевањата на туристите.

Фото: ФАКТОР