Овој хрватски фудбалер беше прогласен за најдобар фраер, а оваа е неговата атрактивна сопруга: Горат трибините во Катар поради поранешната мисица
Домагој Вида е прогласен за најдобар фраер на хрватската репрезентација, а
неговата сопруга Ивана го украде целото внимание на трибините во Катар
Репрезентацијата на Хрватска успеа да се пласира во четвртфиналето на Светското првенство во Катар, а многумина им предвидуваат одлична позиција на овогодинешното Светско првенство.
Секако, како што обично се случува, медиумите се преплавени со написи за фудбалерите и нивните поубави половини, а неодамна според гласовите на хрватските читатели е избран и најзгодниот репрезентативец.
Оваа година титулата му припадна на Домагој Вида, а овој 33-годишен маж моментално е играч на АЕК Атина.
Иако се‘ уште не настапи на првенството, неговата сопруга Ивана Вида му даде поддршка од трибините, а нејзиниот атрактивен изглед не остана незабележан.
Ивана и Домагој се запознале во 2012 година, а нивната љубов се разгорела за време на ноќно излегување.
Две години подоцна, Ивана, тогаш со презиме Гугиќ, ја зеде титулата кралица на Хрватска. Пред олтарот застанаа во јуни 2016 година во Умаг, кога беа во врска четири години, а една година претходно како круна на љубовта пристигна и нивниот син Дејвид.
Во почетокот врската ја одржуваа на далечина бидејќи Домагој играше фудбал за украинскиот Динамо Киев, а Ивана уште студираше во Загреб. Таа набрзо се преселила кај него и оттогаш тие се речиси неразделни. Поранешната мисица во јавноста е позната и по тоа што „нема влакна на јазикот“.
Инаку, Ивана е голем вљубеник во модата и често носи дизајнерска облека, а во една прилика се пофалила со скапиот подарок што го добила од сопругот - телефон од 24 каратно злато.
Пред да се омажи за хрватскиот репрезентативец, Ивана на изборите за мис освоила дури четири титули: „Прва придружничка Мис Херцеговина“, „Мис туризам Хрватска“, „Прва придружничка Мис Далмација“ и „Кралица на Хрватска“.
Фото: Инстаграм
Извор: стилкурир