ПАЃАТЕ ЛИ И ВИЕ НА ОВИЕ ТРИКОВИ НА ТРГОВЦИТЕ? Цените 99 и не се баш пониски од останатите
Без разлика во колку продавници ќе влезете и колку и да гледате по нивните рафтови, секогаш купувачите се фокусираат на цената. Се чини дека нема цена што не завршува со бројот девет, всушност обично е 99.
Голема студија спроведена од професорите Даниел Леви и Авичи Снир, врз основа на неколкугодишни податоци собрани од американските продавници, откри дека кога потрошувачите купуваат предмети чија цена завршува на 9, не само што не заштедиле ниту цент, туку и стоката во просек ја преплатилче за 18 отсто во споредба со слични артикли со „нормални цени“.
Ги анализирале цените на сè - од сирења, до грицки и сокови, супи од конзерва, детергенти, до тоалетна хартија и шампон, а заклучокот е дека кога цената на стоката завршува за девет, по правило, таа е поскапа од стоката која има цена без таа бројка. Повеќе на Фактор.мк