„Песната е молба да не се докрши она што од срцето останало“: Don't break it на Yon Idy е историски чекор за македонската музичка сцена

Добивај вести на Viber

Артистот Yon Idy ја промовираше својата нова песна со назив Don't break it. Станува збор за проект изникнат од соработка со реномираната издавачка куќа NVAK collective. 

Според модераторката на настанот Стефани Стефановска - Мурат ова партнерство е историски чекор напред за арист од Македонија и реална платформа за интернационален раст. 

-Yon е препознатлив по емоционално интензивниот вокал и мелодии кои носат и инди и гранџ рок сенки, истакна таа. 

Песната како што нагласи Стефановска - Мурат, зборува за токсична врска, маниулација и молба да не се докрши она што од срцето останало. 

Аристот Yon Indy кој се обрати на присутните го сподели своето искуство од соработката со американската издавачка куќа и нагласи дека ова не е само посебен ден за него како арист, туку претставува и историски чекор за македонската музичка сцена. 

-Со мојот тим работиме на подобрувањето мое во секој можен аспект, еден пример е моето присуство и тоа што бев дел од тимот кој што ја напиша песната за Евровизија за Еменија. - истакна Yon. 

Како важен чекор за својот музички успех, Yon ја потенцираше и неговата соработка со голем број артисти на различни музички проекти. 

Don't break it е песна која, кој тој ја напишал во коавторство со Армен Пол, а продуценти се Јоран Манов и Лива Еванс. Песната ги спојува неговите омилени жанрови - блуз, рок и поп. Неговиот музички печат е акустичната гитара, која исто така е дел од композицијата на новата песна. 

Видео спотот е творештво на Ени Вучидолова и Роберт Божиновски  од Агенцијата Two by Four кои од аудитивните впечатоци создале видео содржини што на репрезентативен начин го одразуваат значењето и смислата на песната, но емоцијата со кои таа е создавана. 

-Во видеото се гледа најмногу емоцијата која владееше додека ја пишував песната, осаменоста и беспомошноста, истакна Yon. 

Организатор на настанот беше Агенцијата Two by Four, чија управителка, Срна Гугуловска, нагласи дека тие како тим инвестираат многу во музика, особено во дигитална едукација, која ја пренесуваат и на аритстите со кои соработуваат. 

Целото видео од промоцијата и видеото од песната проследете ги во продолжение:




Магдалена Стојмановиќ