Пет занимливости за најпребаруваната венчаница на „Гугл“: Помина една децени откако Кејт Мидлтон го носеше легендарниот фустан
Помина една деценија од одржувањето на кралската венчавка, а венчаницата на Кејт Мидлтон и понатаму е најгугланиот фустан на светот...
Од тогаш е инспирација на многу дами, а покажа дека класиката е ненадминлива како одлика на добриот вкус.
Ја дизајнираше Сара Бартон за Александар Меквин, а потсетуваше на легендарната венчаница на Грејс Кели од 1956 година, која е инспирација ширум светот.
Со месеци изгледот на венчаницата се држеше во тајност. Кејт сакала нејзината венчаница да биде спој на традицијата и модерното. Чипката е изработена со техника која потекнува од Ирска, од далечната 1820 година.
Фустанот ѝ ги истакнуваше половината и колковите, како знак на викторијанската традиција по која е познат Александар Меквин.
Во чипката симболично имаше зашиени симболични цвеќиња - цвеќињата на Обединетото Кралство: роза, чичак, нарцис и детелина. Велот на Кејт беше прилично едноставен, изработен од неколку слоеви мек свилен тул со боја на слонова коска со рачно извезени цвеќиња, долг над 2 метри, а го држеше преубавата дијадема.
Кејт на денот на венчавката ја носеше дијадемата на кралицата, која кралот Џорџ VI, таткото ја Елизабета, ја купил за кралицата мајка во 1936 година. Подоцна кралицата мајка ѝ ја подарила на Елизабета за нејзиниот 18 - ти роденден.
Сара Бартон зашила сина лента во внатрешноста на фустанот, за да ѝ послужи на Кејт како нешто сино на денот на венчавката и да ја испочитува традицијата.