Планирате летување на Јадран по коронавирусот: Откриено дали ќе има пониски цени

Добивај вести на Viber

Неделите во изолација на многумина им поминуваат во планирање на годишниот одмор и фантазирајќи за летување на Јарданот. Додека Хрватите кои оваа година можат да си дозволат летување се надеваат на пониски цени за сместување, приватниците веќе се помирија со тоа дека оваа сезона (ако воопшто ја има) ќе биде катастрофална.

Откако стигнаа информации дека ова лето во Хрватска нема да можат да доаѓаат гости од земји со поголем број на заболени од тамошниот, многумина се разочараа.

Изнајмувачите на семејни сместувања се надеваат дека ќе извлечат нешто од сезоната, но напоменуваат дека домашните гости се само 10% од вкупиот број гости, така што нема шанси да го надополнат губитокот од сите вложувања, макар и да би биле во рекорден број, изнесува хрватскиот медиум Дневник.хр. За да привлечат туристи, тие изнесуваат дека ќе ги намалат цените за ноќевањата.

Мартина Нимац Клицина, претседателка на Заедницата за семеен туризам, вели дека е тешко да се прогнизира нешто и додава дека се надеваат дека ситуацијата ќе се подобри во седмиот и осмиот месец, додека петтиот и шестиот месец ќе бидат сосема празни.

Таа напоменува дека уште има странски туристи кои оставаат контакти во надеж дека нешто ќе се промени, а изнајмувачите се шегуваат дека можат меѓусебно да летуваат едни кај други.

- Воглавно имаме страснки гости. На оние на кои им ги откажавме веќе направените резервации им рековме дека ги префрламе за следната година. На домашните гости, доколку ги има можеме да им понудиме од 20 до 30 проценти пониска цена- објаснува таа.

Министерот за туризам Гари Капели во Дневникот на „Нова тв“ објасни дека Хрватска ќе биде подготвена за следната туристичка сезона, дури по епидемијата на коронавирус.

Во Грција за летување ќе бидат потребни здравствени пасоши ција за летување ќе бидат потребни здравствени пасоши , но доколку сепак не можеме да одиме на летен одмор се уште постојат интересни предлози кои можат да бидат одлична замена за летување на море.

Професорот на Универзитетот Аристотел во Солун, д-р Павлос Николајдис зборуваше за тоа колку опасно може да биде пливањето на плажи и базени во текот на летото, и за што треба да се грижиме најмногу.