Зоолошката градина Скопје, за прв пат по 16 години станува дом на слонови. На 29 септември, Зоошошка организира забава за добредојде на слониците Дуња и Даела.
Забавата започнува во 12 часот, а ќе настапат „Пет плус бенд“ и хорот на „Златно славејче“. За најмлите, се најавуваат и подароци.

Прва слоница жителка на Скопје Зоо, била Цица која во Скопје живеела од 1963 до 1970 година. Втората слоница која живеела во скопската Зоолошка е Анка, која починала во во 1992 година.