„По заминувањето на Дракче, ништо не е исто, живеам со спомените“: Вака зборуваше Весна, сопругата на Драган Вучиќ за неговата загуба

На денешен ден 4-ти мај, се одбележуааат 5 години од смртта на македонскиот композитор, пејач и телевизиски водител, Драган Вучиќ. Тој во 2020 година почина на Клиниката за инфективни болести, каде бил хоспитализиран една недела откако беше позитивен на Ковид 19.
Македонската и поширока јавност Драган Вучиќ го памети како еден од најпознатите водители кои воведе свежина и новитети во македонскиот телевизиски етер, преку неговите емисии и квизови, но исто така во музичката историја ќе останат да се пејат голем број негови хитови отпеани и напишани од него, кои денес се сместени во категоријата евергрини.
Во интервју за Женски магазин зборуваше неговата сопруга Весна, со која Драган беше во брак скоро 42 години, а како плод на нивната љубов е нивниот син единец Мартин Вучиќ.
Нивната прва средба била во 70-тите години.
- Во март 1979 година се случи нашата прва средба. Нивната кума, а моја другарка Анче, требаше да земе од кај него тестови за возачки испит … и оттогаш започна нашата љубов. Јас тогаш бев студентка на Филолошкиот факултет, а тој вратен од војска (морнарица), свиреше бас гитара во група во тогашен Гранд хотел, секоја вечер, освен во понеделник.Секојдневно бевме заедно, но вечерите тој на работа, јас повремено со другарките на музика. И така 3 години …
Весна во интервјуто раскажува дека Драган ја освоил со неговата непосредност, искреност, трудољубивост, но и со неговата убавина.
- Јас се јавив на аудиција за највувачки во МТВ во тоа време, ама во меѓувреме се случи свадбата и најголемата наша радост Мартин, така што камерите и микрофонот беа во втор план. Кога Мартин наполни 10 месеци, почнав да работам хонорарно (6 години во МТВ како најавувачка, па програмски секретар на Информативната програма), па спикер малку во МТВ, долги години во Радио Скопје, се до моето пензионирање во 2020. Значи, јас со мојата професија, Драган со неговата кариера некако заедно „растевме“. И покрај тоа што тој почнал да свири и да на стапува од неговата 15-та година, свирел и со група „Македонија“ па после тоа „Тавче гравче“, „Кода“, па соло кариера па ТВ емисии … а јас си ја работев работата за која што сонував уште како дете.
По смртта на Драган, Весна вели дека ништо не е исто, но дека мора да продолжи понатаму, а во меѓувреме Драган „живее“ преку спомените.
Цело интервју прочитајте во продолжение.