Почина од тешка болест, а по неа и нејзината љубов: Животната приказна на жената со неверојатна грациозност

Добивај вести на Viber

Лејди Дебора Кер (Глазгов, 30 септември 1921 година - Ботесдејл, 16 октомври 2007 година), шкотско-американска филмска и телевизиска актерка.

Шест пати била номинирана за Оскар, но никогаш не била наградена. Меѓутоа, во 1994 година таа доби почесен Оскар за нејзиното животно дело. Нејзини најпознати филмови се Црн нарцис, Кво Вадис, Одовде до вечноста, Кралот и јас и Афера за паметење.

Дебора беше блокбастер ѕвезда и една од најпопуларните хероини на љубовните драми.

Детството

Родена е како Дебора Џејн Кер Тример, во приватна болница во Глазгов (Шкотска), како единствено дете на Кетлин Роуз и капетанот Артур Чарлс, пилот во Првата светска војна. Првите три години ги поминала во блискиот град Хеленсборг, каде што нејзините родители живееле со таткото и мајката на Артур.

Подоцна го добила својот брат Едвард, кој бил убиен во 2004 година во тепачка што се случила по сообраќајна несреќа. Дебора завршила училиште во Нортамберленд Хаус во Клифтон а потоа во Росхолм училиште во Вестон. По долги години учење балет, таа многу рано се вработила во театарот Садлерс Велс. Во слободното време одела на часови по глума кај нејзината тетка Филис, која водела актерска школа во Бристол.



Кариера

Дебора го снимила својот прв филм во 1940 година, но нејзините сцени беа избришани од тој филм. Во филмот „Животот и смртта на полковникот Блимп“ од 1943 година, таа одигра тројна улога и почна да излегува со режисерот Мајкл Пауел.

По неколку неуспешни филмови во Британија, го напуштила својот љубовник во 1947 година и се преселила во САД, каде што потпишала договор со Метро-Голдвин-Мајер. Првиот филм што го снимила во САД веќе беше голем комерцијален успех и заслужи признание од критичарите. Тоа беше драмата Црн нарцис, каде што таа ја играше калуѓерка во католички манастир на Хималаите.

Нејзините манири и елеганција, како и нејзината очигледно емоционално студенило, направија Дебора многу брзо да стане една од најбараните актерки во Холивуд за изведување на улогите на кул британски дами. Меѓутоа, таа често излегуваше од тој шаблон глумејќи елегантни дами многу подготвени за авантура, како на пример во авантуристичкиот филм „Рудници на кралот Соломон“, снимен во Африка и љубовната драма „Од овде до вечноста“ (1953), која стана нејзин најпознат филм, и за која беше номинирана за Оскар за најдобра главна женска улога. Нејзин партнер бил Берт Ланкастер, а сцената во која воделе љубов на плажата Халон на Хаваите се смета за една од најромантичните сцени на сите времиња. Американскиот филмски институт го стави овој филм на дваесеттото место на листата на 100 најдобри љубовни драми на дваесеттиот век.

Пред овој филм, Дебора имаше забележителни улоги во филмовите Едвард, Син (номиниран за Оскар), Кво Вадис, Џулија Цезар, каде партнер и беше Марлон Брандо и филмот Девицата кралица, каде ја играше Елизабета Прва.

Во филмот Кво Вадис, Дебора ја играше Лигија, првата крстена жена во историјата.

Во 1953 година, таа, исто така, дебитираше на Бродвеј со драмата „Tea and Sympathy“, и работеше таму повремено во следните две години. По 1955 година не настапувала дваесет години, но секогаш велела дека театарот и е најголема љубов.

Дебора продолжила да игра во блокбастери и станала позната како хероина на љубовните филмови. 

Кер беше прогласена за дама на Обединетото Кралство во 1998 година, а четири години претходно доби Оскар за животно дело „за беспрекорна грациозност и убавина - кариера во која се стремеше кон совршенство, дисциплина и елеганција“.

View this post on Instagram

A post shared by Deborah Kerr (@lovelydeborahkerr)



Приватен живот

Кер се омажила за извесен Ентони Бартли во 1945 година, а се разведоа четиринаесет години подоцна, бидејќи тој беше неверојатно љубоморен на нејзината слава и финансиската надмоќ во бракот. Имаа две ќерки - Мелани Џејн (1947) и Франческа Ен (1951).

Таа се омажила по втор пат во 1960 година, за сценаристот Питер Виртел и имала убав однос со неговата ќерка од првиот брак. Берт Ланкастер тврдеше дека спиел со Дебора за време на снимањето „Од овде до вечноста“.

Дебора се разболела од Паркинсонова болест и починала на 16 октомври 2007 година во Сафок, Англија. Виртел починал три недели подоцна.

foto> instagram