Почина пред Велигден, а ја направи антологиската песна посветена на овој празник: На 63 годишна возраст почина Тоше Поп Симнов, македонски композитор, продуцент и аранжер

Добивај вести на Viber

Пред Велигден почина продуцентот кој го направи аранжманот за антологиската ,,На Велигден сум се заљубил”.

Еден ден пред Велигден во вечноста замина продуцентот кој го направи аранжманот за антологиската ,,На Велигден сум се заљубил”, песната е снимена во неговото музичко студио.

Истакнатиот македонски композитор, продуцент и аранжер, Тоше Поп – Симонов почина на 63 годишна возраст.

Поп-Симонов својата музичка кариера ја започнал во 1980-тите, како еден од основачите и гитарист на култната скопска рок група „Бастион“, а потоа и гитарист на рок бендот „Асторија“.

Поп Симонов остави силен белег на македонската музика во периодот на 1990-тите, кога соработуваше со речиси сите позначајни имиња од поп, рок, како и од фолк сцената во земјава и изведувачи од регионот, меѓу кои и Тоше Проески, Мизар, Архангел, Меморија, Анастасија, Дарио, Верица Пандиловска, Силви бенд, „Фрајле“ и Алка Вуица.

Неговите пријатели и соработници се простуваат од него со објави на социјалните мрежи.

Погребот на Поп-Симонов ќе се одржи во вторник, на 22 април 2025 година, на градските гробишта во Бутел од 11:30 часот.,,Првпат „На Велигден“ е снимена во февруари 1990 година, во студиото на Тоше Поп Симонов, кој го направи аранжманот, а текстот и музиката ги напишав јас”, раскажа во една прилика авторот на музиката и текстот на еден од најголемиот македонски хит Џина Папас Џокси.

Од него се прости и неговиот коелга со кого членуваа во иста група Дарио Панковски,кој вели „денес завршува еден огромен дел од македонската музичка изторија“.

-Продуцент, композитор, текстописец, аранжер, гитарист, гениј, музички иноватор и магионичар… Мојот драг другар ТОШЕ, најинтелигентната и најдуховитата скопска личност што сум ја запознал во целиот мој живот…харизма, шарм и душа широки колку цел универзум. Мајсторе, ја имав таа чест да те познавам и да се смеам со тебе, да снимаме бескрајни часови и ноќи во твоето студио, а создадовме толку многу песни…толку албуми, напиша Дарио.

„Твоите генијални текстови ДУПЛА ВОТКА и ДАЈ ДА ЗАСПИЈАМ остануваат за сите генерации и за сите времиња. Е па мајсторе, друже мој…со скршено срце и со една дупла во твое име, те оставам мирно да заспиеш и да заминеш во легендите. НЕКА ТИ Е ВЕЧНА, ВЕЧНА СЛАВА“, напиша пејачот.