Почина Виолета Сековска: Жена со лавовско срце полно со љубов кон нашата Македонија

Добивај вести на Viber

Почина Виолета Сековска - дипломиран библиотекар, книжевник, поетеса од и за татковината Македонија.

Веста за нејзината смрт ја потврди нејзината ќерка Сара, која се обрати денес од нејзиниот профил и напиша дека погребот ќе биде денес. „Секогаш велеше дека животот е една минута и за една минута нè напушти“, напиша Сара:


Сековска активно почнува да се занимава со поезија од 2011 година со објавување на првата стихозбирка “Македонија” посветена на татковината. „Во името на земјата пишувам патриотска поезија, во името на Бог пишувам духовна поезија, во името на љубовта пишувам љубовна поезија“, велеше Виолета.

Има вкупно осум збирки и една збирка детска поезија “Светот на Јаков”. Коавтор е во многу збирки поезија надвор од границите на земјата, учесник во македонски антологии, англиска антологија и тн. „Од поезија не се живее но за поезија се живее“, знаеше да каже Виолета. 

Честопати беше наградувана во Македонија, Србија, Хрватска. Имаше гостувано повеќе пати на македонски културни денови во Кралството Шведска, Кралството Данска, Албанија. За неа поезијата не познаваше граници. 

Многумина кои ја знаат ќе ја паметат како жена со лавовско срце полно со љубов кон нашата Македонија, таа пленеше со нејзината насмевка и позитивна енергија која секогаш ги имаше.

Вчера, часови пред нејзината смрт, таа на нејзиниот Фејсбук објави дел од четиво од нејзината нова книга: