Подобрете ја енергијата во домот: Овие 5 работи задолжително треба да ги фрлите пред да одите на одмор

Добивај вести на Viber

Ако заборавите да ги фрлите, може да зажалите за таа одлука штом ќе влезете во куќата по летувањето.

Средувањето на станот/куќата пред одмор ќе ви осигура враќање во чист дом, како и избегнување на непотребни проблеми поради оставен неред, храна или цвеќе во ваза.

Кога одиме на годишен одмор, најмногу се фокусираме на тоа што да спакуваме, па често оставаме хаос дома. 

А треба задолжително да се направи и контрола на работите во домот – што треба да се исфрли или да се среди, за да се вратите во уреден и чист простор.

Freepik

Не тргнувајте на пат без претходно да ги исфрлите следниве работи:

1. Расиплива храна од фрижидер

Фрлете или искористете ги во последен момент млечните производи, остатоците од ручек, овошје, зеленчук или сосови. 

Добро проверете го фрижидерот пред патување и отстранете сè што може да предизвика проблеми.

2. Цвеќе во вазна

Без разлика колку ви било мило тоа цвеќе кое ви го подарил сопругот, ако го оставите за време на одморот, нема да ви биде драго кога ќе се вратите.

Пред пат, исфрлете го цвеќето од вазите, измијте ги вазите и фрлете ги сувите аранжмани.

3. Храна од оставата што може да привлече инсекти

Сè што е наполу отворено, како брашно, тестенини, јаткасти плодови – затворете во стаклени тегли или фрлете ако не изгледаат свежо.

4. Лекови и козметика со истечен рок

Пред патување е идеален момент да направите генерално чистење или барем да проверите лекови со истечен или скоро истечен рок, како и отворени маски за лице, серуми или шминка што стои предолго.

5. Стари хартиени материјали

Стари сметки, рекламни брошури, списанија што никогаш не сте ги прочитале или хартија која со месеци се трупа на масата – сега е вистинско време да се ослободите од нив и да го исчистите нередот.