ПОПЛАДНЕ СЕ ОЧЕКУВА ПОРОЕН ДОЖД - и во следните денови не очекува променилво време

Извор: ФАКТОР Синоптичарите најавуваат сончево време со појава на
умерена локална облачност, а повремено ќе засилува и ветерот од западен и
од југозападен правец, особено во западните предели. Сепак денеска се очекува да започне промената на времето,
но особено ќе се почуствува од утре и во деновите потоа. Поточно, во
попладневните часови ќе се создаваат услови за изолиран развој на грмотевични
облачни јадра од кои се очекува појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и
засилен ветер во зоната на нестабилност. И во Скопје и околината денес ќе се задржат рано –
летните температури на воздухот, а во попладневните часови во делови од
котлината ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи. Фото: Freepik.com
Ранолетните температури, слични на оние кои ги имавме во
изминатиов период ќе се задржат и во текот на денешниот ден.