Животна училница // Приказни
Попоски најавува нов влажен бран, но и температури околу 20 степени
- 14 Декември, 2022 16:55

Meтерологот Славчо Попоски вели дека под влијание на нов влажен но и постуден бран од север, вечерва во западните и во северните, а утре и тоа особено попладне и вечерта и на другите места ќе има нови врнежи од дожд.
На планините над 1500 м.н.в и тоа особено во западните предели ќе има врнежи од снег, додека оваа ноќ снежната граница има услови да се спушти и на помала надморска височина.
Инаку се до крајот на оваа седмица повремено ќе има врнежи од дожд и тоа од локален карактер.