Поради болеста на ќерката се бореше како лавица: Славната актерка доживеа најубава љубовна приказна, а потоа и најтежок развод
Ричардс на почетокот на нејзината кариера важеше за една од најубавите и најатрактивни актерки во Холивуд, а нејзиното убаво лице го маѓепса проблематичниот Чарли Шин, со кого заплови во брачните води.
Двојката беше во брак од 2001 година, до 2006 година, кога Денис поднесе барање за развод, по што следуваа еден куп грди зборови и ниски удари.
Едно време, целиот свет зуеше низ каков пекол поминуваше со Шин и психо-физичко измачување. За време на тој бурен период, Денис гo нарече Шин „педофил“, како и „невработена и неталентирана свиња“ и го обвини за бројни измами, алкохолизам и коцкање. Ни тој не ја поштеди и често знаеше да каже дека е „лоша мајка“.
Инаку, двојката има заедно две ќерки - 17-годишната Сами и 15-годишната Лола, додека Денис по разводот во 2011 година ја посвои и ќерката Елоиз. Токму поради децата, тие ги погребаа секирите на војната во 2012 година, па денес се во релативно добри односи, а сексапилната актерка во својата автобиографија напиша дека „имале прекрасна љубовна приказна, но и еден од најлошите разводи досега“ .
После оваа несреќа, Денис сепак наоѓаше среќа во љубовта, па во 2018 година, по една година врска, се омажи за актерот Арон Пајперс, кој е огромна поддршка и помага во воспитувањето на нејзината ќерка.
Актерката со години се бори како лавица за нејзините деца да не пропуштат ништо, со оглед на тоа што Шин неодамна се активираше како родител. Денис исто така имаше многу проблеми да расте со најмладата Елоиз, бидејќи и беше дијагностициран дефицит на хромозом 8.
- Поради нарушувања во хромозомот, таа се развиваше исклучително бавно. Долго време таа не беше во можност да седи сама а проодела на две години со помош на физикална терапија. Таа може да изговори само неколку зборови. Понекогаш се однесува како и секое друго седумгодишно дете, а понекогаш е и на ментално ниво на тригодишно дете. Тоа е тешко. Секој ден учам нешто ново, бидејќи нема прирачник или упатство како да се однесувам кон дете со ова нарушување - рече Дениз во една прилика.
FOTO: PROFIMEDIA