Последната фотографија на кралицата Елизабета: Не ја симнувала насмевката, а кревката фигура кажува повеќе од зборовите

Добивај вести на Viber

Британија тагува!

Кралицата Елизабета почина вчера на 96-годишна возраст. Последен пат граѓаните на Англија имаа можност да ја видат кога се сретна со премиерката Лиз Трус само неколку дена пред нејзината смрт.

По тој повод е направена фотографија која сега го обиколи светот, последната фотографија на кралицата Елизабета.


СМРТТА НА КРАЛИЦАТА ЕЛИЗАБЕТА II: Вака ќе изгледа жалоста од 10 дена! Објавен е и погребниот протокол

Кралицата позираше пред голем камин потпрена на стап. Изгледа доста исцрпено, но не ја симнувала насмевката од лицето.


Веста за смртта на кралицата Елизабета беше објавена вчера по 18:30 часот, кога знамињата беа спуштени на половина копје. Пред Бакингемската палата се собраа луѓе кои дојдоа таму загрижени за здравјето на кралицата, а многумина почнаа да плачат по веста.


Фото: EPA/Instagram

Тајната на долговечноста на кралицата: Денот го започнува со џин, за ручен пие вино или шампањ, за вечера суво мартини

Кој ќе ги наследи милијардите, палатите и имотот на кралицата Елизабета?