Посмртните останки на Душко Чифлиганец ќе бидат изложени утре во црквата „Свети Јован Крстител“ во Аеродром

Добивај вести на Viber

Групацијата Адора објави дека утре ќе започне погребната церемонија за младиот бизнисмен Душко Чифлиганец кој загина во несреќа со автомобил во Чешка.

Посмртните останки ќе бидат изложеби во 14.00 часот во храмот „Свети Јован Крстител“ во Аеродром каде што ктитор е семејството Чифлиганец, а опелото ќе го предводи поглаварот на МПЦ-ОА, владиката Стефан.

„На 3 август 2025, на 32 години, трагично го загубивме Душко Чифлиганец – заменик-претседател на Адора Бизнис Групацијата. Почина во спортска сообраќајна несреќа.

Душко беше визионер и лидер со јасна цел – раст, иновации и човечност. Под негово водство, Адора се прошири во енергетика, акционерство, хотелиерство и фасилити.

Дипломиран економист од American University in Dubai, кариерата ја почна со сопствена компанија за здрава исхрана.

Негов потпис носат проекти како:

• Adora Flatiron Skopje (2017)

• Diamond Garden by Adora (2018)

• 21st Century Zlatibor Residence & Spa (2023)

• Влез на Адора во енергетика (2021)

Во 2024 започна голем проект во Љубљана, Словенија, со цел проширување во Европа, но за жал – не успеа да го доврши.

Започна со основање на инвестициски фонд и остави трага на Вол Стрит преку Prime Capital by Adora, прва македонска компанија акредитирана од New York SEC.

Филантропски, преку партнерство со Фондацијата „Новак Ѓоковиќ“, помогна во отворање детска градинка во Златибор.

Покрај деловниот успех, Душко беше и страстен спортист – добитник на бројни награди во мото спортот, вклучувајќи и европска титула, со што ја направи Македонија горда на меѓународната сцена“, објави компанијата во омажот за Душко Чифлиганец.