Портпаролот на ВМРО, Димче Арсовски стана татко: Добредојде мало

Добивај вести на Viber

Портпаролот на ВМРО, Димче Арсовски стана татко. Тој и неговата сопруга Соња за прв пат станаа родители на момче.

Среќната вест ја сподели сестрата на Соња, која на социјалната мрежа Инстаграм сподели стори.

Димса ја побара за жена на својот роденден, во јануари, а двојката се заколна на вечна љубов во март годинава.

Парот се заедно неколку години, а преку социјалните мрежи може да се види дека тие двајцата сакаат да патуваат и имаат авантуристички дух. Скоро секогаш се заедно, насмеани и во потрага по нови авантури и спомени.


Фото: Инстаграм