Потрошила 2500 евра за операција за да биде убава на венчавката: Изгледот ми беше поважен од фустанот
Рут Парсон (45) е Американка, а уште од мала и пречеа спуштените очни капаци, што ги покриваа нејзините прекрасни сини очи, па решила да го смени нивниот изглед со естетска хирургија.
Нејзиниот партнер ја побарал за жена пред неколку месеци, а Рут тогаш сфатила дека мора да стори нешто за да има убави фотографии од венчавката што ќе се одржи на почетокот на август.
- Станав свесна дека на сликите ќе изгледам очајно, и тоа многу ме фрустрираше, па решив да ја направам посакуваната операција - рекла оваа жена.
Рут потрошила повеќе од 2.500 евра на операција и козметички корекции, а за венчаницата платила скромни 150 евра, бидејќи, како што вели, фустанот не и бил приоритет.

- Мојата венчаница чинеше само 150 евра, ја најдов на Интернет и не се вознемирував многу за тоа. Најважно ми беше да изгледам убаво - рече Рут.
Таа и нејзиниот иден сопруг имале буџет за венчавката, но Рут решила да не троши на венчаница, шминка, фризура, туку сите тие пари да ги вложи во козметичка хирургија и ботокс.
- Партнерот ми рече дека ако јас сум среќна, тој е исто така среќен - раскажала оваа жена со насмевка.
Операцијата е извршена за само неколку часа, а хирурзите и го отстраниле вишокот кожа од очните капаци.
- Сите мои пријатели се љубоморни, постојано повторуваат дека сакаат и тие операција - заклучила Рут и додала дека по оваа операција планира уште неколку операции.
Извор: телеграф.рс
Фото: принтскрин фејсбук Рут Парсонс