„Повеќе нема да има несреќни мајки“: Европската комисија со потег за заштита на родилките кој долго се очекуваше

Добивај вести на Viber

Европската комисија во средата одобри пуштање на лекот зуранолон за третман на постпородилна депресија на пазарот.

Одобрението е засновано на позитивната научна проценка на Европската агенција за лекови (ЕМА).

Предноста на зуранолонот е неговата способност да ги намали симптомите на депресија поврзани со постпородилната депресија по само две недели третман.

Зуранолонот е достапен само на рецепт и може да има несакани ефекти кои се наведени на пакувањето. 

Не треба да се користи за време на бременост и не се препорачува за време на доење.

Постпородилната депресија може да биде тешка и долготрајна, со негативни последици и за мајката и за детето.

Во моментов не постојат специфични третмани одобрени за оваа состојба, а стандардните антидепресиви често не делуваат доволно брзо.

Извор / Freepik