Пожарот застана пред Божјата врата: Чудо во Дојранско село (ВИДЕО)

Вистинско црковно чудо се случило во дојранското село Николич, каде неколку дена беснееше огнена стихија, а пожарникарите се обидуваа да го изгасат пожарот.
Кире Михаилов, заменик директор на ЈП „Национални шуми“, објави видео на социјалните мрежи во кое посочи дека пожарот во Николич, предизвикал огромна штета на шумата, но, црквата „Света Петка“ останала целосна од огнените јазли.
Тој во видеото вели дека ова е вистинско чудо се случило во дојранското село Николич.
Во видеото тој покажува како во пожарот изгорела ниско стеблеста шума, но црквата скриена во паузвите на паланината и шумата околу останале целосни.
Имено, како што може да се види и од видеото, пожарот голтал се пред себе, но истиот застанал пред црквата „Света Петка“ која е стотици метри над селото.
„Пожарот
беше страшен, јас сум бил отсекогаш верник во Бога, но ова е уште причина
повеќе да веруваме“, вели Михаилов.
Фото: Принтскин Фејсбук
Извор: РЖМ